Возењето со велосипед релаксира и не е претерано тешко, но покрај тоа носи и голема корист – спречува зголемување на телесната маса на жените кога влегуваат во средните години.Во студија во тек на 16 години следени се 18 000 жени на возрат помеѓу 25 и 42 години, а се покажало дека испитаничките за време на истражувањето во просек добиле нешто помалку од 10 килограми.

Истражувачите напоменуваат дека жените кои повеќе време поминале во возење велосипед, пропорционално имале помало зголемување на телесната тежина.Според нивните зборови, возењето со велосипед овозможува полесна контрола на телесната тежина отколку одењето, кое мора да биде напорно за да има ефект.Позитивното влијание од возењето велосипед било најизразено кај испитаниците кои на почетокот од студијата имале вишок на килограми, пишуваат во списанието Archives of Internal Medicine.

 

извор:metro-portal.hr