Австралиската компанија Бендон и Ел Макферсон ја окончале 25 годишната соработка. Наскоро стигнува нова линија алишта со потпис на Хајди Клум.

После долги 25 години, незаборавната австралиска убавица и супермодел Ел Макферсон, жената за која многу зборува нејзиниот прекар “The Body”, ја окончала соработката со австралиската компанија Бендон, под чие покровителство одеше нејзината линија на долен веш „Ел Макферсон Интимејст“. Но, во Бендон веќе имаат спремна замена. Договорена е слична соработка со германската убавица Хајди Клум, така што наскоро можеме да очекуваме долна облека под етикета “Хајди Клум Интимејтс“.

“Многу брендови ми нудеа слична соработка, но Бендон беше оној кој не се одбива. Успешни се, етаблирани, големи…Знаете, 25 години звучи навистина импресивно, Ел работеше неверојатна работа со Бендон“, коментирала Хајди Клум за ВВД соработката и додала: “Не бев јас таа која им чукна на вратата. Тие мене ми понудија соработка“.

Три линии на долна облека со потпис на Ел Макферсон – Elle Macpherson Intimates, Macpherson Men i The Body- сепак ќе го продолжат својот живот, и ќе тргнат во освојување на американскот пазар, иако сеуште не е познато со кој партнер Ел ќе влезе во тој потфат.

 

извор:cromoda.com