Кандидатите за градоначалник на Струга од ДУИ Рамиз Мерко и од Алијанса на албанците и Алтернатива Идри Истрефи влегуваат во втор круг во градоначалничката трка.
По 100 % обработени гласови од ДИК Рамиз Мерко освои 10.956 гласа или 40,50% од вкупниот број гласови, Идри Истрефи освои 9.421 глас или 34,82 %, кандидатот од СДСМ Димче Шипинкаровски освои 4.352 гласа или 16,09 %, Абдула Ќазимоски 486 гласа или 1,80%, Насто Палиоски од ТМРО 432 гласа или 1,060%, Самир Мутрезоски од ДПА 282 гласа или 1,04% и кандидатот од Демократи Лубе Петревски освои 174 гласа или 0,64% од вкупниот број гласови во Струга.
Според резултатите за советнички листи најмногу освои советничката листа на ДУИ- 737 гласа или 32,29%, потоа листата од Алијанса на Албанците и Алтернатива -535 гласа или 24,16%, листата на СДСМ 818 гласа или 14,11 %, листата на Беса-1017 гласа или 3,76, ВМРО-ДПМНЕ – 258 гласа или 15,74 %, Левица-723 гласа или 2,67% ,ДПТМ 463 гласа или 1,71%, ДПА-453 гласа или 1,67% и листата на советници од Единствена Македонија 84 гласа или 0,31%.
К.А.