На светското првенство во спортски риболов кое треба да се одржи во Србија од 25 до 30 септември се пласираа  7 натпреварувачи од СРД „Св. Апостол Петар“ од Охрид, но нивниот настап на шампионатот е доведен во прашање поради недостиг на финансиски средства.
 
Со оглед дека се работи за спортски настан на светско ниво ние мораме да се подготвуваме максимално за да можеме адекватно да ја претставиме Република Македонија и посебно Охрид пред светската јавност.Подготвени сме сами да покриеме најголем дел од потребните средства, но сепак ќе ни биде потребен дел кој објективно не можеме сами да го обезбедиме, вели  Александар Протугеров член на СРД „Св. Апостол Петар“.

Токму затоа апелираме до сите институции,претпријатија и поединци кои можат да помогнат да се претставиме во вистинско светло на ова навистина важно спортско натпреварување од светски ранг, додада Протугеров.

Зоран Михајловски, Илија  Радески, Љупчо  Ристески,  Александар Протугеров, Коле Ѓорѓиески,  Томче Мишев и  Жарко Јанковиќ, пласманот на СП  го изборија на квалификациските натпревари во Крушево и Скопје, но дали и ќе патуваат  за Србија е отворено прашање.

ohridnews