Славната манекенка ги засукала ракавите и се фатила за физичка работа. Супермоделот Доуцен Крос на Инстаграм објавила фотографија на која се гледа дека покрај манекенските способности крие и некои други таленти.
Таа и нејзиниот сопруг Сонери Џејмс одлучиле да припремат колевка пред на свет да дојде нивното второ дете. За неколку месеци манекенката би требало да роди, па подготовите за доаѓањето на бебето се во полн ек. Крос е еден од најпознатите анегели на Викторија Сикрет, а со сопругот веќе го имаат синот Филон.