Водостојот на Охридското Езеро, според утринските мерења е на истото ниво како и претходните денови. Дотокот  на вода од реката Сатеска кој на крајот на февруари изнесуваше 50 м3/с, сега е 25 м3/с, а испуштањето на водата во реката Дрим е 61 метaр кубeн во секунда. Во опаѓање се сите водостои во земјата, информират од Министартсвото за транспорт и врски.


Дотокот на вода од Сатеска во езерото двојно намален

Денес продолжуваат активностите за превенирање на евентуални последици од природните непогоди. Тимови на Координативното тело се на терен во Струга, Охрид, Пештани, патниот правец Битола – Ресен и патниот правец Струга – Дебар кај Луково.

Кај месноста Луково, кај патниот правец Струга – Дебар продолжуваат активностите за уредување на коритото на реката Црн Дрим. На оваа локација превентивно се прави земјен насип во должина од 350 метри, висина од 5 м и широчина од 7 метри. Согласно усогласената динамика на превентивни активности на Координативното тело, предвидено е овој насип да биде финализиран за 7 дена.

OhridNews