Вредноста на севкупното дело на една осумнаесетгодишна личност не би било адекватно, не може а и не треба да се споредува со достигнувањата на видните литерати кои зад себе оставиле име, дела и традиција.
Почитуван господине Илиевски,
Очигледно стана дека моите и Вашите ставови во поглед на доделувањето на светиклиментовата повелба се коренито различни и не можам да имам ништо против тоа, но дозволете да Ве потсетам дека вредноста на севкупното дело на една осумнаесетгодишна личност не би било адекватно, не може а и не треба да се споредува со достигнувањата на видните литерати кои зад себе оставиле име, дела и традиција. Од една страна би било нескромно да се споредувам со нив; а од друга страна доколку според Вас досегашните мои награди и остварувања се далеку од врвни, тогаш навистина ме доведувате до размислување што е она или кои се тие достигнувања кои гледано од ваш аспект се достојни за да бидат потврдени и наградени со светиклиментова повелба. Она што се обидувам да Ви кажам е дека досегашните дела и успех на кој било поединец треба да се вреднуваат во рамките на неговите години и секако, во кругот на неговите врсници. Таквата споредба е веќе прифатлива, а за Вашата оценка на моите последно објавени книги “Капка надеж” и “Дневник на душата” нема ништо да додадам. Сметам дека тоа е целосно Ваше право на мислење, но напоменувам дека и пред Вас многумина видни писатели го направиле истото, со таа разлика што ги имале во предвид мојата возраст и несекојдевна љубов кон пишаниот збор. Токму наградите, пофалниците и признанијата биле таканаречената движечка сила која имала пресудна улога за развивање на таа моја љубов и наклонетост. Наградата или повелбата се доделува како еден вид сертификат за стореното и освоеното, така е, но нејзината цел е исто толку поврзана со мотивацијата, поттикот и поддршката да се продолжи патот кој се почнал и во иднина.
Неизбежно е да напоменам дека моето присуство било активно застапено на повеќе промоции, културни случувања и литературни средби организирани токму од Градската Библиотека, а некои од нив и во нејзините простории. Со огромно задоволство сум во исчекување на многу други идни случувања од таков вид во склоп на Библиотеката и како секогаш, би ми било неизмерно драго ако би можела со свое учество да ја збогатам содржината на настанот.
За крај сакам само повторно да Ви ја изразам својата почит кон годините и искуството како и фактот дека жалам што зачетокот на нашата комуникација беше обележан на овој начин, но демократското право на изразување сопствен став и мислење припаѓа подеднакво секому. Вие и натаму ја поседувате слободата да не се согласувате со годинешниот избор на една од повелбите, а во тој случај, дефинитивно времето што доаѓа ќе покаже колку и дали воопшто сте биле во право.
Христина Аслимоска
*Ставовите изнесени во рубриката „Писма“
се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност
за содржината на истите.
Кон јубилејната ретроспективна изложба на Славко Упевче Јубилеите се извонредна прилика да се навратиме и одново да го проследиме патот на некој уметник кој со четка и боја оставил трага во времето...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.