Со низа свечености Охрид денеска ја одбележува  63 годишнината  од ослободувањето од фашистичкиот окупатор. По повод Седми Ноември во ОУ Кочо Рацин“ во населбата Радојица Новичиќ”. денеска свечено беше предадено во употреба новоизграденото централно затоплување на школото. Делегации на Советот на општината, Сојузот на Борците и одделни институции утрово положија свежо цвеќе во спомен алејата на Градскиот плоштад, и пред бистите на паднатите борци.

По повод празникот Советот на општина Охрид одржа свечена седница на која говореа претседавачот на Советот  Владо Чингоски и градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Македонскиот народ во Втората светска војна застана на страната на прогресивниот свет и го оствари вечните идеали за слобода и сопствена држава. Охрид 63 години живее слободарски, и затоа никогаш не треба ги заборавиме борците кои ги положија своите животи за остварување на вечните македонски идеали. Ова во своето обраќање го истакна претседавачот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски.

7-ми Ноември ќе остане како еден од ретките  денови   кој  сведочи  за  револуционерните подвизи на  македонскиот народ, рече во свечениот говор, Чингоски.

 По повод  7 ноември , честитки  упати и градоначалникот на град Охрид , Александар Петрески,  кој од име на сите граѓани на Охрид  искажа благодарност  кон сите борци  кои  во 1944-та год  ги положија животите  за ослободувањето  на Охрид.

Генерациите не смеат да заборават на  нашето историски минато. Во тоа е и големината на еден народ , и историската смисла на запазување на  националната самобитност, рече градоначалникот  Петрески.

ohridnews