Во салата Билјанини Извори ,охридските бели беа поразени од лидерот во шампионатот Металруг Јуниор со 24-31 ( 14-15 ) .
Охриѓани повеќе од солидно се носеа во првиот дел, кога со головите на Томовски и Трифуноски одржуваа резултатска рамнотежа. За одбележување е и податокот што во првиот дел речиси една третина од натпреварот го одиграа со играч помалку. Преку Трифуноски успеаа да постигнат погодок со три играчи во поле ! ! !
Одлучувачка за победата на гостите беше серијата 8-0 на стартот на вториот дел. Долгата клупа потоа им овозмози на скопјани да стигнат до деветта победа во шампионат.
Најпрецизен на натпреварот беше Трифуноски со 10 гола .
Со овај натпревар заврши есенскиот дел од шампионатот а охриѓани со скор од две победи и седум порази завршија на шестото место. Наредниот натпревар охридските бели ќе го играат наредната година во март .
фото: Васко Бујароски