Четири порази во четири натпревари е билансот на македонската женска кошаркарска репрезентација по одиграните натпревари во групи на ЕП б- дивизија што се игра во Охрид.
“Црвено-жолтите“ во последната рунда претпреа пораз од селекцијата на Унгарија со 62-51. Василевска со 19 и Агич 13 поени беа најпрецизни во македонскиот тим, додека кај унгарките мечот со дабл -дабл учинок го завршија Балинт (19п, 10 ск) и Шабо (12 п и 12 ск).
Македонија не успеа да избори пласман во осминафиналето и ќе разигрува во плеј-аутот за 9 до 11 место со селекциите на Австрија и Естонија.