Очекуван пораз на македонскиот ракометен шампион Металург на натпреварот во првото коло до ракометната Лига на Шампиони.

Европскиот гигант Кил го совлада Металург со 37-29 (18-15).

Македонскиот првак се покажа во добро светло, покажувајќи дека нема да биде топовско месо во лигата.

Најрасположени за игра во нашиот табор беа Миркуловски кој постигна шест гола, како и  репрезентативниот пикер Димоски кој седум пати ја затресе противничката мрежа.

Во наредното второ коло на 12 Октомври Металург му гостува на Барселона, додека во третото коло на 18 Октомври на домашен терен го пречекува Драмен.

М.П.