Сопственикот на една пицерија, Алберто Валота одлучил да ја забрза доставата на својата храна и купил супер брзо ламборџини со кое ќе ги доставува пиците. Неговата храна со експресна брзина ќе се најде во домот на секој муштерија. Необичното возило за достава има 500 коњски сили, а го купил за околу 150 илјади американски долари.
Експресната достава ја вовел за прославата на 12 години успешно работење во гратчето Хемел Хемпштад на југоистокот од Англија. Рекол дека многу кинески и индиски ресторани имаат достава, додека италијанските баш и немаат. Одлучил да промени нешто и да воведе супер брза пица во градот. Ламборџинито Гаљардо му го предложил неговиот син Орландо.