Заклучно со 31-ви август 2015 година граѓаните ќе може да доставуваат иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови, во рамки на Јавниот повик кој го распиша општина Охрид врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.
Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма. Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
OhridNews