Доставувачот на новини Брус Питс во Сент Луис (САД) при доставата на весник видел дека поштенското сандуче на еден стар брачен пар е полн со писма и часописи, што му било необично.
По завршување на смената се вратил со сопругата до станот на Фред(77) и Бланш (84). Никој не отварал врата, па тој влегол од задниот влез. На подот Фред лежел мртов, а под него жива сопругата.
Со помош на сопругата го подигнале телото на Фред, кој починал од срцев удар, и ги викнале надлежните служби кои ја превезле Бланш во болница.
Таа најверојатно се обидела да го придржи сопругот кој имал срцев удар, но тој паднал над неа и ја приклештил за земјата.
Поштарите и доставувачите ја познавале Бланш, која секогаш им зборувала дека се моли за нив кога е лошо времето затоа што знае дека се на отворено за неа да и ја достават поштата и часописите.