Американскиот ланец на пицерии „Домино“, пред неколку месеци организирал акција во која сите кои ќе го напишат на интернет тајниот збор ќе добијат бесплатна пица.


Акцијата не добила зелено светло од менаџментот. Иако ланецот на пицерии се откажал од идејата, заборавиле да го деактивираат тајниот збор. Тоа го сфатил еден корисник на интернет па си нарачал бесплатна пица. Кога видел дека лозинката делува несебично ја проследил на интернет. За само половина ден пицериите во Синсинати морале да поделат 11 000 пици. Сите менаџери се чуделе што се случува. Претставниците на пицериите велат дека грешки се случуваат, и дека оваа им помогнала околу маркетингот на нарачките преку интернет, иако изгубиле доста пари.