Предадени 75 канти за собирање на отпад со капацитет од 120 л. од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца.
Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад. Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален отпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината, велат од Општина Дебрца.
Со оваа активност, додаваат, општината и ЈПК „Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиената и собирањето и третманот на отпадот од домаќинствата во општината.
OhridNews