Министерството за здравство, до владата, достави предлог за ограничување на масовни јавни собири, информира министерот за здравство Венко Филипче. Се очекува одлуката да биде донесена на денешната владина седница.

Според предлогот, забраната треба да важи една недела, но доколку има потреба, може да трае и подолго време. Забраната се однесува на сите јавни собири, на отворен и во затворен простор. Засега, откажано е одржувањето на карневалите во Струмица и во Прилеп.

OhridNews