– Откако дојдов во Вардар знаев каде доаѓам и знаев што ме чека. Одличните услови во Охрид, ни помогнааа да ја озвежиме екипата. Одлично ги искоритивме деновите во Охрид за своевидна промоција на Вардар бидејќи и улогата на Вардар е да биде блиску до луѓето што потоа би ги првилекло за да дојдат на стадион и да не гледаат – ни рече Ратко Достаниќ, шефот на стручниот штаб на Вардар.
Новиот стратег на клупата најави европски Вардар, напоменувајќи дека клубот мора да оди чекор по чекор.
– Дојден сум да направиме европски Вардар, но во секоја една работа мора да се оди чекор по чекор, ништо не може да се направи преку ред.
На неколку дена пред стартот на новата сезона Достаниќ вели дека е задоволен од кадарот со кој располага кој има и млади играчи но има тука и искусни момци кои ќе може да го понесат товарот.фаворитската улога ќе тежи на нивните плеќи.
– Што однесува до првенството , фаворити сме но нема да биде така лесно. Мора концнетритано да се одиграат натпреварите, но дека ќе се прошетаме тоа не верувам дека ќе биде лесно.