Директорот на македонскиот културно- информативен центар во Софија, Доста Димовска е во тешка здравствена состојба, по доживеан мозочен удар. Во моментов таа се наоѓа на лекување во болницата Токуда во Софија и веќе втор ден е на реанимација.

Нејзината политичка кариера започнува во текот на 90-тите години на минатиот век. На 25 февруари 2002 година е назначена за директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција ја напушта 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007-ма е директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

OhridNews