Интересно е алибито на една лукава 42-годишна провалничка која е уапсена во обид да ограби куќа во Австралија. Таа на полицијата и изјавила дека месечарела.


Случајно го запалила светлото и ги разбудила сопствениците кои повикале полиција. Изјавата на оваа досетлива Австралијанка е дека одела во сон и не била свесна што прави, но оваа изјава нема да и помогне на суд и сега ја чека обвинение за провала и грабеж.