Еден кинески фармер од северната провинција Хебеи успеал да одгледа круши во форма на кукли. Тој тоа го правел ставајќи калапи на младите плодови. Ја усовршил техниката за шест години. Оваа година собрал 10 илјади плодови кои ги продавал по пет евра за парче.
Рекол дека инспирација добил од луѓето кои продаваат обликувани лубеници, за кои добиваат добра цена. Признал дека било потешко одколку што очекувал. Требало да се погоди вистинското време за ставање и вадење на калапот. Ако калапот останел предолго плодот ќе скапел.