Во рамките на активностите на “Клубот на пријатели на младите“, Младинскиот Совет – Охрид, во х. „Милениум“ организираше доручек со донаторите кои се членови на клубот.
На доручекот тимот на Младински Совет ја презентираше идејата за функционирање на овој клуб, како и резултатите кои се постигнати со реализацијата на младинските програми.
Клубот на пријатели на младите е промовиран пред повеќе од една година, а овој доручек е почеток на неговото практично функционирање, затоа што се воспоставија одредени насоки за работа и заедничко делување, велат од Младинскиот Совет. Доручекот со донатори е дел од проектот „Клуб на пријатели на младите“, кој Младински Совет Охрид го реализира со поддршка од „КОНЕКТ“ во рамките на програмата за развој на филантропија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com