За олеснување на процедурата за приватизација на дворното земјиште по едно евро за квадрат покрај овие измени, Министерството за финансии соопшти дека наместо два оригинални документи ќе биде потребен еден за да биде комплетна документацијата која ја поднесуваат граѓаните.
Овие измени ќе важат за сите граѓани кои досега поднеле барање со некомплетна документација и оние кои во иднина ќе сакаат да го откупат дворното земјиште.
Оние станари кои нема да сакаат да го приватизираат земјиштето по завршување на рокот кој трае до крајот на 2012 година, ќе плаќаат закуп за истото.