По деталните анализи кои Владата ќе ги направи во договор со синдикатите и работодавачите без да се нарушат правата на засегнатите страни ќе се одреди минималната плата. Од Министерството за труд и социјала велат дека ќе им дадат грејс период на двете страни да го договорат износот.


Новоформираните работни групи составени од синдикати на работници и синдикатите на работодавачи имаат 30 дена да се договорат за износот на минималната плата. Се дискутираат неколку варијанти и очекуваме во наредните 15-тина дена да се продуцираат првичните предлози за тоа кога и како треба да се утврдува износот за висината на најниската плата“, рече министерот за труд и социјалa Спиро Ристовски, на седницата на Економско-социјалниот совет.

Претседателот на ССМ, Живко Митрески потенцираше дека ќе се реализира дамнешна идеја правата на работниците да добијат една поинаква димензија во смисол на усогласување на македонското работно законодавство со законодавството на ЕУ.


 

Од министерството велат оти со овој закон ќе се реализира европска директива која е значајна за правата на работниците особено на работниците кои работат во компании во земјите членки на ЕУ и компании од Македонија чиишто ангажмани изискуваат ангажирање на македонски работници во земјите-членки на ЕУ.

Ohridnews