Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.
Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Северна Македонија споменатите количини на вакцината „Спутник В“ биле доставени доцна синоќа како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.
Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.
– Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност, оцени Брнабиќ.
OhridNews