Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот! Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. – објави премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски.

Во работните денови останува досега важечката мерка, согласно која забрането е движење на сите лица од 21 до 05 часот. Дополнително на пензионетите им се забранува движење од 11 до 05, а за лицата помлади од 18 забраната важи од 21 до 12 часот.

OhridNews