Кај месноста Елешец денеска ќе продолжат активностите за извлекување на бродот „Илинден“ кој потона во Охридското Езеро на 5-ти септември.


Специјализираната компанија „Дубина“ од Сплит, Хрватска вчера го испитуваше теренот и состојбата на трупот на потонатиот брод кој треба да биде извлечен на копно.
За таа цел денеска се очекува да биде поставена специјалната опрема потребна за изведување на сложената операција, која дополнително ќе биде донесена.


Како што е најавено, извлекувањето ќе биде извршено со воздушни балони за да не дојде до оштетувања на бродот кој потоа ќе се вештачи. Засега со точност не се кажува кога ќе започне извлекувањето на „Илинден“.


Ohridnews