Националната-анти допинг комисија која е под капата на Агенцијата млади и спорт ненадејно ги посетила ракометните друштва Металург и Вардар пренесува „Макфакс“.
На допинг тестирањето, преку земање примерок од урина, биле подложени и поединци кои настапуваат во националните тимови во машка и женска конкуренција.
Како што информираа од АМС примероците веќе биле испратени на анализа во референтната лабораторија на ВАДА во Австрија.
Резултатите од анализите ќе и бидат соопштени на јавноста штом лабораторијата ќе ги достави до Агенцијата за млади и спорт и Комисијата.
Ohridnews