Екипите на Дооел Ноче и Бел Мерцедес се пласираа во полуфиналето на турнирот во мал фудбал во Велгошти.

Во четвртфиналето вечерва, Дооел Ноче со 2:1 ја совлада екипата на Вила Мина, додека Бел Мерцедес по изведувањето пенали беше поуспешен од екипата на Др.Баткоски со 5:3. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1.

Пласман во полуфиналето претходно обезбедија екипите на АСП ПАК и Кафе бар 9.

Полуфиналните средби на програмата се на 5 август, а финалето и мечот за трето место на 7 август.

Г.М.