Тренерот на американскиот клуб Сан Диего Лојал, Лендон Донован ја повлече својата екипа од терен откако еден од фудбалерите добил навреда на сметка од сексуалната определба.
Инцидентот се случил пред крајот на првото полувреме на дуелот Феникс Рајсинг – Сан Диего. Жуниор Флемингс го навредил со погрдни зборови Колиин Марин кој е еден од ретките спортисти што отворено призна дека е геј. Марин бурно реагирал на навредите од Флемингс, а Донован одлучил да ја повлече екипата.
После голема расправија фудбалерите на Сан Диего Лојал се вратиле на терен, но на почетокот од второто полувреме седнале на земја во знак на револт за навредите кон Марин.
Донован втор натпревар остро реагира за навреди на своите играчи. Претходно бурно реагираше на расистичките навреди на Елајџ Мартин на дуелот со ЛА Галакси.
OhridNews