Канада на Светската Здравствена Организација ќе и донира околу 1000 дози експериментална вакцина против ебола.

На Светската Здравствена Организација за употреба во западна Африка ќе и биде донирана експериментална вакцина која досега е тестирана само на животни, вели Грегори Тејлор, заменик директор на агенцијата.

Меѓутоа, лекарите велат дека количините на канадската вакцина и американскиот експериментален лек се ограничени и можеби ќе требаат месеци да се создадат дополнителни залихи.

Нигерија во средата побарала од САД експериментален лек кој веќе го примиле двајца американски доктори, и сеуште чекаат одоговор.

Либерија за барањето што го испратила добила позитивен одговор.

СЗО во вторникот донела одлука за етичноста на употребата на експерименталниот, недоволно тестиран лек или вакцина како потенцијално ефективна постапка или превенција во лечењето на епидемијата на ебола во западна Африка.

Здравствената агенција на UN објавила дека снабдувањето со експериментални лекови против вирусот ебола бара “согласност, слобода на избор, доверба, почитување на личноста која го прима лекот, чување на нејзиното достоинство и вклученост во заедницата“.

Експертите во Женева расправаат за тоа дали експерименталните лекови и вакцината против ебола можат да се употребат во борба против таа болест, и покрај тоа што досега не се доволно тестирани или немаат одобрение од надлежните тела.

Некои експериментални лекови дале надеж, велат од СЗО.

Лекарите без граници ја поздравиле одлуката на СЗО, но велат дека експерименталниот лек нема да го спречи проблемот, туку е потребно зголемување на бројот на лекари и персонал кој ќе помага на заболените.

Според бројката на СЗО, досега се потврдени 1800 случаи заболени од ебола и повеќе од 1000 смртни случаи.

 

извор:metro-portal.hr