31- годишниот Марјан Вељаноски, татко на две малолетни деца, боледува од тешка болест, за чие лекување е неопходен лекот Vemurafenib (Zelboraf) за кој месечно се потребни 8000 евра.
Од општинскиот Црвен крст упатуваат апел до граѓаните, доколку имаат сознанија дали овој лек е на позитивната листа во земјите од регионот да се обратат во просториите на охридскиот Црвен крст или на телефонскиот број 046/262 706.
Можат и да донираат на отворената жиро сметка: 530- 5000121483- 34
Депонент : Охридска банка А.Д. Охрид
Назнака: За лекување на Марјан Вељаноски
OhridNews