Младински Совет Охрид утревечер, 17.05.2008 (сабота) во 19 часот во салата на Центарот за култура “Григор Прличев организира добротворен концерт. Целта на концертот е да се приберат средства за доопремување на дневниот центар во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” Охрид, кој Младинскиот Совет го отвори неодамна во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата “Млади во акција”.

Младите волонтери на МСО ќе поминуваат дел од своето слободно време со хоспитализираните врсници со цел да им го приближат секојдневниот живот на младите; при што два пати во месецот 10 волонтери, низ интерактивни работилници ќе ги едуцираат своите врсници за ненасилна комуникација, животни и социјални вештини, создавање на интеркултурно општество, надминување на предрасуди итн, еднаш во месецот ќе се изведуваат надвор од болницата во посета на знаменитости и институции во градот и еднаш во месецот ќе биде организирано дружење со младите прилагодено на нивните желби и потреби.

На концертот  ќе настапат ученици од ОУ “Методи Патчев”, ДУО Богдан и Иво, “ICY LULLABY”,  ”FLASH 5″ и Симона Попоска, како и КУД “Отекс” и Балетската група при Центарот за култура

Билетот за концертот чини 100 денари. МСО ги повикува сите граѓани кои што сакаат да ги поддржат активностите и иницијативите на младите да присуствуваат на добротворниот концерт во сабота на 17.05.2008 во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”.

ohridnews