Ги повикувам сограѓаните да нè поддржат, да ни бидат ветар во грб, да издржиме и успееме заедно. Во оваа борба за Охрид, наш сојузник сте вие, рече во денешното обраќање Сашо Донев, носител на листата за кандидати за членови на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

Ви ветуваме нема да има договори и преговори, нема да има непринципиелни коалиции. На сите ни е доста од неправди затоа заедно да го спасиме Охрид од неспособноста, деструкцијата, криминалот и корупцијата. Да им покажеме дека сме побројни од нив. Ветуваме дека ќе бидеме погласни, и посилни и поработливи, рече Донев.

Време е Охрид да биде на сите нас. Поддржете нè, само заедно со вас ќе се избориме за нашиот град!- додаде Донев.

OhridNews