Со СДСМ и Констатнтин Георгиески на власт – Охрид тоне во безизлез. Власта за Охрид покажа непочитување, исто како што покажа и за се’ друго, истакна денеска на прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.
-Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните.У лиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во катастрофална состојба, а СДСМ и Георгиески за неколку гласови асфалтираат тесни улички и приватни сокачиња.-рече Донев.
Тој ја критикуваше локалната власт за нефункционирањето на рампите во центарот на Охрид, што, како што истакна, само ги потврдува нејзините погрешни политики.
-Дали СДСМ и Георгиески одговорно го слушаат и го разбираат крикот за чист воздух со исечените здрави дрва кај музичкото училиште „Методи Патчев“?Беззаконието го гледаме на секој чекор, а надлежните се немоќни и не можат да се справат исто како што не можат да воведат ред со дивоградбите. Власта мора да понесе одговорност за сите овие неправди кон граѓаните.-обвини Донев.
Затоа, додаде тој, на Охрид му треба градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, а тоа е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски со неговата програма За убав град.