Дали ние како генерација го заслужуваме ова што и се случува на државата? Ова прашање на охриѓани им го постави Сашо Донев, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на авто протестот што се одржа вечерва низ улиците на Охрид, под мотото „Сега за да не биде предоцна!“, како реакција на начинот на кој власта го решава билатералниот проблем со Бугарија кој се испречува на европскиот пат на земјата.

Ако им забележувавме на нашите родители дека не биле доволно храбри да ги заштитат фабриките во болната транзиција, нас ќе не обвинуваат дека не сме биле доволно храбри да го одбраниме она што остана од Македонија и сме биле причина да ја напуштата државата засекогаш. Токму затоа нема назад, мора да бидеме мудри, да делуваме мудро, да се бориме и да се обединиме за заедно да го спречиме злото кое Заев и тие околу него и го имаат спремено на Македонија и само го чекаат правиот момент за да го испорачаат последното предавство. Затоа наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата. Оставка на Заев, слобода на народот! – порача Донев.

ВМРО ДПМНЕ денеска одржува протести во 16 градови во земјата.

OhridNews