На завршна прес конференција денес до граѓаните се обрати и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев кој на граѓаните им порача дека на 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат.
- Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ. Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани. До кога ќе го потценуваат народот? Ниту заплашувањата и уцените нема да ги спасат од поразот. Овие луѓе ќе бидат казнети. Поголемо понижување, поголемо омаловажување во 21 век зарем постои ли од тоа условувајќи ги граѓаните да гласаат? Не е човечки и хумано дека само така ќе им асфалтираат некоја улица, ќе им завршат работа, ќе им дозволат нешто незаконско, рече Донев.
Додаде дека совеста ќе биде коректор и за враќањето на долговите со преговори за камати во четири очи, а времето ќе ја покаже вистинската намера.
- Господа од СДСМ, ако имавте малку доблест ќе се извиневте за штетните одлуки, вашето недомаќинско работење и водејќи го Охрид во бездна со скојдневните неправди, криминали и непотизам. Гласот за СДСМ и Констанитин Георгиески е глас за Зоран Заев, за промената на името, за заштита на криминалот, за поддршка на урбаната мафија. Гласот за Гордана Силјановска-Давкова значи глас за просперитет, право и правда, иднина на сите генреации. На 5 Мај да излеземе и да го дадеме гласот за Д-р Митре Милошевски за подобро утре, поубав живот и убав Охрид. Тоа се гласа за надеж, за иднинна, порача Донев.
OhridNews