Веднаш по преземањето на градската власт, СДСМ ги укинаа процедурите и протоколите за работа кои во својата суштина носеа и гарантираа развој на Охрид, рече на денешната прес конференција на последниот ден од предизборната кампања, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

  • Почнаа да ги избегнуваат јавните претпријатија и работата да ја даваат на приватни фирми, воведоа чуден и скап начин на наплата на паркинг, не асфалтираа ниту една дупка по улиците, водеа нетранспарентни и сомнителни преговори со доверители за исплата на долгот на општината, ја распуштија општинската администрација, секојдневно ги полнат општината и јавните претпријатија со партиски послушни војници, ја избегнуваат електронската архива со цел да манипулираат со документите во општината, во однос на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација се вратија на старото и повторно избраа саеми во соседството каде партиските послушници кои таму одат нема потреба да знаат англиски јазик, како најголеми екологисти не засадија ниту едно дрво, ги излажаа младите, пензионерите со еден збор ги излажаа сите граѓани на Охрид. Не ветија, но ја покачија цената на водата и воведоа фиксен трошок за секое домаќинство!, обвини Донев.

Тој ја обвини локалната власт и за урбанистичко дивеење во секој дел од градот, како и дека . проектите од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ги претстават како свои.

  • Не може да се асфалтираат улици ноќе на само неколку дена пред избори. Повеќе од еден месец се реконстриура еден кружен тек. На никому не му е јасна потребата од неговата реконструкција. На само една недела пред изборите општинската администарција и јавните претпријатија се преполни со партиски луѓе на СДСМ кои без никаков статус се шетаат од канцеларија во канцеларија! Охридската противпожарна единица и понатаму останува главен адут за вработување, како мамка за луѓето! А сите знаат дека половина Велгошти на минатите избори го излажаа за вработување во пожарна!, рече Донев.

Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори излегува со програма за убав Охрид, со низа реални проекти, а дека на градот му се нуди кандидат кој сите го познаваат, со концепт и визија за Охрид, д-р Митре Милошевски.

Во однос на кампањата, рече дека е далеку од фер и демократска.

OhridNews