СДСМ ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, но граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор, нови директори и нови непродуктивни вработувања, обвини денеска на прес конференција Сашо Донев – претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода. Во 2018 година со првото зголемување на надоместокот, граѓаните плаќаа 16,5 денари. Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, што значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно. Во услови на тешка економска криза, зголемен процент на невработеност и стопанство на колена, цената е двојно зголемена. – рече Донев.
Донев се осврна и на вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина, кој, како што рече, утврди дека колекторот е нефункционален и дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро.
OhridNews