Донесено решение за доделување средства од буџетот на Општина Охрид за 2025 година преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за спортските клубови, здруженија, спортски манифестации и настани.

Се задолжува Одделението за спорт, млади и невладини организации да подготви договори со сите спортски клубови и здруженија на кои им се доделени субвенции за користење на терените на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, стои во решението.

Истото е донесени врз основа на претходно распишан Јавен конкурс за користење на средства од буџетот.

Комисијата задолжена за спроведување на Јавниот конкурс, со Записник и извештај од работа на комисијата констатира дека до крајниот рок за доставување на барања до Архивата на општина Охрид беа доставени 52 апликации. Со решението се опфатени 23 спортски клубови и 25 спортски манифестации, се посочува во решението.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews