Согласно Јавниот повик кој Општина Охрид го објави во јануари, донесено е решение за доделување на средства, кои се наменети за спортските клубови, здруженија, спортски настани и манифестации.
Преку ефективни мерки обезбедуваме континуирана поддршката и ги подобруваме условите за развој на спортот. Во таа насока и оваа година од буџетот на Општина Охрид издвоивме средства за субвенционирање на трошоците за користење на спортски терени на Ј.П. „Билјанини Извори”, вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Резултатите од Jавниот повик се објавени на линкот.
OhridNews