Советот на Општина Охрид, на денес одржаната последна седница за оваа година,  го донесе буџетот за 2019 година, кој е во висина од 1.040.577.521 денари. Од овие средства 495.277.521 се обезбедени од Владата на РМ, наменети за подмирување на доспеани обврски.

Како што потенцира ВД градоначалникот, Коста Георгиевски, станува збор за досега најголемиот  основен буџет на Општина Охрид.

  • Тенденција на покојниот градоначалник беше што повеќе да се инвестира во образованието и затоа нашето најголемо внимание ќе биде токму насочено во инвестициите во областа на образованието, рече Георгиевски.

За капитални инвестиции во образованието се наменети средства во висина од од 52 милиони денари.

На денешната седница со мнозинство гласови беа донесени и програмите за работа за 2019 на секторите при локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината.

OhridNews