Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ имаше трипл-дабл остварување ноќеска на средбата со Орландо меџик. Словенечкиот репрезентативец мечот го заврши со 34 поени, 12 скока и 11 асистенции.
За Дончиќ ова е 43-ти трипл-дабл во кариерата израмнувајќи се со Фет Левер на 10.место на вечната листа во НБА-лигата.
Најблиску до 22-годишниот Дончиќ е Лери Бирд со 59, а од активните кошаркари, Џејмс Харден со 67 и Никола Јокиќ со 69 и трипл-дабл постигнување.
На врвот е Расел Вестбрук со 193 натпревари на кои имал двоцифрени бројки во три статистички категории, Леброн Џејмс има 102.
OhridNews