Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ изјави дека како победник на Евробаскет 2017 си поставил за цел да ја одбрани титулата на претстојното Европско првенство 2022.
Одиме во Германија да освоиме злато. На секој турнир каде што учествуваме нашата цел секогаш треба да биде првото место. Ќе направиме сè за ова, но ќе видиме дали ќе успееме. Во 2017 година никој не нè сфати сериозно кога ја објавивме нашата намера да освоиме златни медали, денес сè е поинаку. Пријатно е чувството кога се знае дека сите вложуваат дополнителни напори против нас за да не победат, изјави Дончиќ.
Евробаскет 2022 ќе се игра од 1 до 18 септември .
Словенија е во Б-групата заедно со ко-домаќинот на првенството Германија, Унгарија, Литванија, Босна и Херцеговина и Франција.
OhridNews