Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски, кој за 20 годишниот јубилеј допатува од далечната Австралија е разочаран поради тоа што Дарко Панчев не присуствуваше на манифестација која ја организираше Фудбалската федерација на Македонија.
– Лично ми вети дека ќе дојде, а не го направи тоа барем поради мене и многу ме разочара. Ова беше ревијален натпревар, кој требаше да не врати 20 години назад, а тој до некаде го расипа и нека му служи на честа и нека ме заборави – рече еден од најхаризматичните селектори во македонскиот фудбал.
Од необјасниви причини односите на „златната копачка“ и челниците на ФФМ се заладени подолго време и вистинска штета што тоа се одрази на овој историски ден во фудбалот.
Фото : „Мкд.мк“
Мх.П.