На Здруженијата на слепи, глуви и наглуви лица од општина Охрид денеска, ќе им бидат врачени медицински помагала, кои беа обезбедени со продажната акција на младите од охридскиот Црвен крст што во соработка со пекарите од Охрид и Дебарца беше спроведена во месец април.
Помагалата ќе им бидат доделени на членовите на здруженијата на слепи, глуви и наглуви лица на свеченост што во 18 ч. ќе се одржи во просториите на општинскиот Црвен Крст.
Од акцијата спроведена во април
Од оваа организација известуваат дека наградите од хуманитарно-спортската трка „За посреќно детство“ што не беа подигнати од добитниците во предвидениот рок, ќе бидат пренаменети за учениците од ОУ „Христо Узунов“, како училиште што најмасовно учествувало на манифестацијата.