Во ОУ „Св. климент Охридски“ денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба две комплетно опремени простории за ученици со посебни потреби.
Училниците со специјални помагали ги опреми Лајанс клубот од Охрид.
Целта на оваа донација како што истакнуваат од Лајанс клубот е да им се олесни процесот на учење на децата со посебни потреби.
ОУ Св. Климент Охридски е единственото училиште во општината во кое има специјализирани паралелки за децата со посебни потреби.
ohridnews