Во општина Дебрца денес пристигна донација од бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „ Капинков”. Донацијата е наменета за сите првачиња запишани  во ОУ „ Дебрца“, а се состои од училишен прибор и чанти.

За донацијата која се реализира по трет пат Градоначалникот Игор Трајкоски се заблагодари и изрази надеж дека ќе продолжи и во наредните години. Посетата од страна на Капинков е во организација на почесниот македонски конзул во Перт Австралија, Зоран Ќосески.

OhridNews