Во рамките на својата меѓународна соработка Црвен крст Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца.
Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „ Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на соодветните институции.
Во четврток, дел од донацијата ќе биде доделена во ОУ „ Григор Прличев“.
OhridNews