Во соработка на Ротари клубот од Охрид и Ротари клубот Стимболт Спрингс од Колорадо-САД, преку охридскиот Црвен крст денеска започна реализацијата на донацијата од 150 компјутери.
Се работи за употребувани компјутери, со солидна конфигурација адаптирана на европските стандарди, кои во најголем дел ќе им бидат додолени на училишта, здравствени и други организации во Охрид, а дел од компјутерите ќе добијат македонските села во Албанија, интернатот и едно основно училиште во Битола, како и библиотеката во Штип.
Вредноста на донацијата се проценува на 15.000 долари.
Од Ротари клубот во Охрид информираа дека со Ротари клубот Стимболт Спрингс во завршна фаза се преговори за донирање нова медицинска опрема во вредност од 300.000 американски долари.